Кое е девојчето кое не сакаше да се одвои од ковчегот на владиката Амфилохиј?

Родителите на малата Уна повеќепати во медиумите раскажуваа дека митрополитот Амфилохиј им претставувал патоказ во животот, како и дека неизмерно многу го почитуваат и го сакаат.

8,883

Очите на илјадници верници денеска гледаа во осумгодишната Уна Рајовиќ, кумашинка на владиката Амфилохиј, кој денеска беше погребан во Соборниот храм во Подгорица.

Малата Уна, која стана заштитен знак на литиите кои се одржуваа во изминатиот период во Црна Гора, со солзи во очите ја прими веста за смртта на митрополитот, а во текот на денешниот ден не се одвојуваше од ковчегот на Амфилохиј.






Родителите на малата Уна повеќепати во медиумите раскажуваа дека митрополитот Амфилохиј им претставувал патоказ во животот, како и дека неизмерно многу го почитуваат и го сакаат.

На досегашните литии, 8-годишната Уна со икона на Пресвета Богородица во рацете и со високо кренати раце ги бранеше светиите во Црна Гора, на сонце и на дожд. Во текот на летото таа заедно со митрополитот беше на чело на литиите, а тој во текот на беседите ја држеше за рака на сцената.

Таа, токму во Соборниот храм во Подгорица, на Божик, беше крстена токму од митрополитот Амфилохиј.

За нивната голема поврзаност говори и видео-снимката на која се гледа како Уна чита молитви за здравје на владиката, кој тогаш беше во болница поради ковид-19.

– Цела ноќ се молевме за митрополитот Амфилохиј. Уна не може да се смири, ја оставив дома во солци – рекол тогаш нејзиниот татко.

Малата Уна и денеска не се одвојуваше од митрополитот, држејќи икона во рацете.

Поврзани содржини