Мицкоски: Заев вети инвестиции од 5 милијарди евра, а добивме 2 милијарди евра долг

284

Некои од власта лажат повремено, Заев постојано, вети инвестиции од 5 милијарди евра добивме 2 милијарди евра долг, секое семејство e задолжено за 4 илјади евра, пишува на Фејсбук Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Пред повеќе од една година Заев вети нов инвестициски пакет од 5 милијарди евра. Епилогот по година дена е: -долг од плус 2 милијарди евра. Секое семејство задолжено за нови 4 илјади евра. За само 9 месеци пад на индустриското производство од 12.1%. За 4.7% намален бројот на работници во индустријата. До крајот на годината се очекува пад на БДП поголем од 5%. Парите се потрошија, народот не памети ниту еден проект. Новиот инвестициски пакет кој Заев го вети е реален колку што се реални: инвестициите на Google и Facebook, колку 5-те инвестиции кои ги најави за септември, колку решенијата за Еурокомпозит и Колска, колку 700 км автопатишта, колку странската инвестиција за фабрика за отпад во Дрисла, колку клиничкиот центар кој требаше да биде готов… Значи ништо од ова!Некои од власта лажат повремено, само Заев постојано“, вели Мицкоски.

Поврзани содржини