Војна на ѕвездите: Џенифер Анистон ги повика луѓето да не гласаат за Канје Вест, тој не ѝ остана должен ВИДЕО
На почетокот на овој месец, 43-годишниот музичар Канје Вест ги замоли обожавателите да го напишат неговото име на гласачките ливчиња на претседателските избори 2020 година во САД, но Џенифер Анистон го поддржа претседателскиот кандидат Џо Бајден и ги повика луѓето да го игнорираат предлогот на раперот.
– Станува збор за иднината на оваа земја и на светот. Гласајте за еднакви човекови права, за љубов и пристојност. П. С. Не е смешно да гласате за Канје. Не знам како поинаку да го кажам тоа. Ве молам, бидете одговорни – рече тогаш актерката.
Вест, инаку сопруг на Ким Кардашијан, сега објави снимка од статијата со насловот на нејзината објавува.
– Леле, ова интервју кај Роган ги потресе. Ајдеее – напиша тој во твит кој во меѓувреме исчезна од Твитер, пренесува „Пејџ сикс“, пренесува Индекс.
Вест се осврна на неодамнешното гостување на популарниот подкаст на Џо Роган, „The Joe Rogan Experience“, каде зборувал на повеќе теми, од неговата претседателска кандидатура до менталното здравје и коронавирусот што го преболел.
FOTO: Getty Images