Министерот за здравство Венко Филипче не чувствува одговорност за да поднесе оставка која од него ја бара опозицијата.
Тој денеска во Струмица ја повика опозицијата да ја тргне политиката настрана од борбата против пандемијата со ковид-19.
На новинарското прашање дали министерот се чувствува одговорен за ситуацијата со справувањето со епидемијата од ковид-19, Филипче рече:
– Не, напротив. Од почетокот на кризата работиме многу професионално. Никогаш ниту се обидовме да внесеме политика, ниту политиканство во која било од препораките, одлуките. Ги слушаме во јавноста предлозите кои ги дава опозицијата, но огромен дел од тие предлози се нон-сенс, немаат никаква медицинска логика. Така што, сакам да им порачам, да ја држат политиката на страна од ова сериозно прашање. Имаа шанса да помогнат, за жал одмогнаа и тогаш кога требаше да го потпишат заемот. Еве сега ни доцнат сите 16 ковид центри поради нивната заменичка министерка за финансии, која не го потпиша заемот. Континуирано одмагаат, немаат чувство дека треба да се поддржи здравствниот кадар, ниту здравството.