АлтернАтивА: Да се разреши Саша Богдановиќ кој е портпарол на српската политика во С. Македонија

Партијата смета дека изјавата на градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ дека Косовео е србија е дкандал кој ги нарушува чивствата на Албанците во земјава.

1,238

Изјавата на градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, дека тој не ја признава државата Косово, дури тврдејќи дека „Косово е Србија“, покрај тоа што е скандал за службено лице, бидејќи е во спротивност со јавниот државен став, истовремено е и навреда кон чувствата на Албанците во Северна Македонија, за кои Косово не е само што е држава признаена од нашата држава, туку и држава со која Албанциете  од С. Македонија се поврзани и семејно и историски, смета  АлтернАтивА.

Од партијата очекуваат СДСМ да се дистанцира од оваа изјава.






– Доколку оваа влада навистина сака да докаже дека е внимателна на меѓуетничките односи, ќе мора да најде механизам за разрешување на Богдановиќ, со цел да не дозволи тој да е елемент што ќе ги загрози меѓуетничките односи во нашата земја.Ако не гледаме никаква институционална и правна реакција, ова ќе биде знак дека и извршната власт тајно го поддржува тој став, дека слоганот „општество за сите“ е чиста изборна измама и ова ќе биде поттик ние да бараме други модалитети со цел да се исправи оваа навреда кон Албанците и, воедно, спротивен став на нашата надворешна државна политика – велат од АлтернАтивА.

 

Поврзани содржини