Родено кутре со зелено крзно ФОТО

487

Италијанскиот фармер Кристијан Малочи не можел да верува на својте очи кога една од неговите осум кучиња, донела на свет кученце со зелени влакна.

Малото кутре, веднаш добило име Пистацио и е дел од леглото од пет кутренца родени на 9 октомври и сите со бело крзно, иста боја како и нивната мајка, освен него.






Малочи ја води фармата на медитеранското острово Сардинија со својот зет. Исклучително е ретко куче да се роди со крзно во зелена боја.

Се смета дека тоа се случува кога кутрето со бела боја во матката на мајката доаѓа во контакт со зелениот пигмент наречен биливердин. Тоа е истиот пигмент кој ја предизвикува зелената боја на модриците.

Необичната боја на Пистациј нема да трае засекогаш. Светло зелената боја која неговото крзно ја имало на денот на раѓањето избледнувала од ден во ден и најверојатно ќе се изгуби со растењето на кутрето, пренесува Ројтерс.

Додека неговите браќа и сестри некој ќе ги вдоми, Малочи ќе го задржи Пистациј на фармата и ќе го тренира да ги чува овците со мајка му.

Малоќи вели дека во овие тешки времиња на пандемија на коронавирусот зелената боја е симбол на надеж и среќа и дека малиот Пистацио е роден за да измами насмевки на лицата на луѓето.

Поврзани содржини