Меган Маркл и принцот Хари не излегуваат често од куќата поради пандемијата на коронавирусот, но редовно од каучот на нивниот дом во Санта Барбара се појавуваат на разни онлајн самити и конференции.
Со оглед на тоа што последните три пати се јавија седејќи на каучот, британските медиуми забележале дека тие внимаваат не само на својот изглед, туку и на изгледот на куќата.
Во вторникот попладне, 39-годишната Меган и 36-годишниот Хари се појавија за специјалното издание на емисијата „Time100 Talks“ од нивната куќа вредна 14 милиони долари, и очигледно е дека за таа прилика стратешки наредиле книги во позадина, за да можат јасно да се видат насловите.
Темата на разговорот била создавање на подобар свет, а зад Меган јасно се гледале книгите „Жени: Национална колекција на слики“ и „Црниот кум“.
Книгите биле тука и во септември кога Меган се појави во шоуто „Америка има талент“, но тогаш биле положени, па не можело лесно да се прочитаат насловите.
Во текот на разговорот со Малала Јусуфзаи минатата недела, книгите се наоѓаа на масата десно од Хари, додека просторот зад Меган беше празен.
Сетот свеќници што претходно стоеше зад Меган го замениле со кристал, за кој оние со остро око шпекулираат дека е аметист, за кој се верува дека има исцелителска моќ. Оние кои се занимаваат со кристали тврдат дека аметистот е природен седатив кој помага да се постигне смиреност и да се намали вознемиреноста.
Досега, каучот, сликите и бојата на ѕидот зад нив се постојани.
Книгата „Жени: Национална колекција на слики“ е за животот на жените ширум светот, а во неа се појавуваат и пријателките на Меган, Опра Винфри и Џејн Гудал.
Тука е и книгата за создавање посебен дом „Дрво и железо: Индустриски ентериери“.
„Црниот кум“ е за продуцентот Кларенс Авант, кој е наречен „кум на афроамериканската музика“. Нетфликс минатата година сними документарен филм за него, а интересно е што Хари и Меган претходно објавија дека потпишале договор со таа платформа.
ФОТО: Јутјуб