Симон и Никол Киселички: клавир, бас, вокал и љубов
Велат, музиката нема граници, ама велат нема ниту љубовта. А кога музиката и љубовта се безгранични, тогаш добиваме вакви споеви каков што е овој на џез-пијанистот, композитор и аранжер Симон Киселички, кој се смета за една од највлијателните личности на македонската џез-сцена и Никол Киселички, родена лондончанка, инаку пола Македонка/пола Србинка, внука на Нико Нестор, и мултиталент, девојка која свири повеќе инструменти и згора на сѐ, има длабок, кадифен и прекрасен џез/блуз вокал.
Никол Киселички, претходно Јоциќ, е родена лондончанка, но со македонко-српско потекло, млада мултиталентирана музичарка, која свири на повеќе инструменти, но омилен ѝ е бас гитарата, а од пред неколку години, токму благодарение на својот прекрасен џез/блуз вокал и на нејзиниот соработник, колега и сопруг, џез пијанистот, композитор и аранжер Симон Киселички, настапува и како пејачка.
Пред неколку дена тие ја пуштија во етер својата нова песна Euphoric (можете да ја слушнете ТУКА), а за својата прва средба, за почетокот на нивната љубов, но и за професионалната соработка, раскажува Никол во интервјуто за „Мајка и дете“.