Откриено спомен обележјето на Тоше

756

Денеска беше откриено спомен обележјето на Тоше Проески, а посебен момент и големо значење на настанот дадоа и маратонците кои трчаа од Табановце преку Скопје до Крушево за да одадат почит на музичката легенда.

-Сите фанови на Тоше од дома и од другите земји, ќе можат да се поклонат пред неговото вечно почивалиште кое како симбол ја одразува искрената религиозност на Тоше Проески и вербата во Бог кој тој ја споделуваше и преку неговата музика. Тоше на најдобар можен начин, успеа да го обедини Балканот. Онака како што треба, успевајќи со својата искрена желба, неповторлива харизма и со своите безвременски песни да ги премости сите навидум непремостиви нешта. Тоа е нашата македонска гордост, кој со својот ангелски глас и непосредност, полнеше стадиони, плоштади и сали, каде и да се појавеше . Затоа треба да сме му бескрајно благодарни, да го чуваме неговото дело и да го пренесуваме на идните поколенија, кои гордо ќе го спомнуваат и ќе ги пеат неговите песни. Дури и сега кога светот се соочува со огромни предизвици и искушенија, треба да знаеме дека и ние сме дел од тој свет, па да ги ползуваме стиховите од песната „За овој свет” со која Тоше ни  порачува: „За овој свет, еден и единствен, треба сѐ да сториме, само тој го имаме” – рече премиерот Зоран Заев.

Поврзани содржини