Беше голема ѕвезда на Јувентус, а сега е келнер и едвај врзува крај со крај

Сиромашен сум, но многу среќен. Важно е тоа што јас и семејството имаме што да јадеме. Пронајдов нови пријатели, а лажните ги отфрлив, бидејќи тие беа со мене само кога бев богат - истакнал поранешниот фудбалер Фабијан О'Нил.

1,077

Фабијан О’Нил е поранешна ѕвезда на италијанскиот шампион Јувентус, а сега медиумите во неговиот роден Уругвај објавија дека пензионираниот фудбалер работи како келнер и едвај врзува крај со крај во месецот за да преживее.

– Кога потпишав за Јувентус, јас бев идол на целата екипа, но за многу брзо време се претворив во најлош играч, бидејќи околу мене беа феномени како што е Зинедин Зидан. И само поради него навивам за Реал Мадрид. Но, од сите пари што ги заработив во минатото, сега не ми остана буквално ништо. Потрошив 14 милиони долари. И кој е виновен? Виновни се коњите и убавите жени – изјавил О’Нил за уругвајските медиуми.






Тој додал дека периодов работи како келнер, но дека има што да јаде.

– Сиромашен сум, но многу среќен. Важно е тоа што јас и семејството имаме што да јадеме. Пронајдов нови пријатели, а лажните ги отфрлив, бидејќи тие беа со мене само кога бев богат – истакнал поранешниот фудбалер.

О’Нил исто така признал дека местел натпревари во италијанскиот фудбал.

– Кога играв за Каљари, јас местев натпревари. И на едните и на другите ни одговараше нерешен резултат додека се боревме за опстанок. Договорив реми со капитенот Кјев, како и со соиграчите. Бевме и во обложувалница да вложиме пари за нерешен резултат. Но, во 87 минута водевме со 2:1 со погодокот на Диего Лопез. Му пријдов и му реков: „Исправи си ја грешката, биди виновник за примен гол или сите ќе настрадаме“. И потоа примивме гол – изјавил Уругваецот.

Поврзани содржини