СДСМ за предлогот на Пендаровски: Резултатите од пописот нема да влијаат ниту на Уставот, ниту на Рамковниот договор

940

Пописот е статистичка операција, а не политичка. Во ова насока ќе ги разгледаме сите иницијативи, но реализацијата на пописот треба да се остави на стручни и надлежни институции кои ќе го спроведат пописот по меѓународни стандарди, велат од Социјалдемократскиот сојуз на прашање на Плусинфо во врска со предлогот на претседателот Стево Пендаровски според кој политичките партии треба да потпишат декларација дека резултатите од пописот нема да доведат до ревизија на Рамковниот договор или на Уставот, за да не се оспоруваат бројките од пописот.

– Ги почитуваме сите ставови, Законот е се уште во собраниска процедура. Претседателот Заев, но и други претставници на СДСМ, веќе неколку пати јавно посочија дека резултатите од пописот нема да влијаат ниту на Уставот ниту на законски измени или ревизии на Рамковниот договор. Пописот ни е потребен за да се развива нашата држава соодветно и стратешки, за креирање идни издражни економски и развојни политики – велат социјалдемократите.






Пендаровски вчера на Телма рече дека е срамота, што земјава 20 години нема спроведено попис, кој е важен за релевантни статистички податоци, потоа за изборите и за прочистување на Избирачкиот список.

– Знаете и сами, невозможно е во оваа земја да има 1.820.000 гласачи. Не може да има, дај боже да има, но нема. Во оваа држава можно е да нема 1.800.000 жители севкупно сосе малолетниците, а камоли гласачи. Да не зборувам, ниедна политика не можете да ја проектирате, да ја креирате во ниедна област – во здравство, образование, во социјала ако не знаете колкумина луѓе живеат и кој во која категорија припаѓа. Така што, јас се надевам дека овој пат ќе преовладее разумот – рече Пендаровски.

 

 

Поврзани содржини