Жариштето се префрли од САД во Европа, сѐ повисоки дневни бројки на заразени на стариот континент

327

Регионалната канцеларија на Светската здравствена организација за Европа денеска оцени дека ситуацијата на континентот во однос на пандемијата на коронавирус е причина за „голема загриженост“.

Поради зголемениот број дневни случаи со овид-19 пријавени низ цела Европа, државите, вклучувајќи ги Германија, Велика Британија, Холандија и Шпанија започнаа да воведуваат дополнителни мерки за да го забават вториот бран на пандемијата и да се обидат да го намалат нејзиното влијание.






Дваесет и седум земји-членки на Европската Унија и Велика Британија евидентираат во просек по 78.000 случаи дневно, во периодот од 5 до 12 октомври, или 152 случаи на милион жители. САД бележат 49.000 дневно во просек за истиот период, околу 150 на милион жители, објави денеска Волстрит џурнал.

Тоа е првпат Европа да ги надмине САД од врвот на вирусот во пролетта, кога болеста се ширеше во голема мера неоткриена поради ограничениот капацитет за тестирање на земјите. Европа сега достигна критична маса на нови случаи слични на оние со кои САД се соочија кон крајот на јуни кога бројот на заразени вртоглаво се зголеми од Флорида до Калифорнија, посочува весникот.

Поврзани содржини