Ова се дел од новите амбасадори на Македонија

1,815

Собраниската Комисија за надворешни прашања денеска ќе одржи седница на која членовите треба да ги слушнат платформите на 12 предложени амбасадори.

Постојан претставник при Советот на Европа во Стразбур ќе биде Светлана Гелева. За амбасадор во Атина е предложена Лидија Бошковска, во Тирана Данчо Марковски, во Нур Султан (Казахстан) Сали Лимани, во Приштина Шпреса Јусуфи. Нов амбасадор на Северна Македонија при Светата Столица ќе биде Марија Ефремова, во Чешка Сашко Тодоровски, во Jапонија Горан Цеков, во Србија Васко Грков, во Канбера, во Австралија Билјана Стефановска Сековска, во Холандија Бети Јачева и во Естонија Драган Јорданов






Минатата недела на седница на Комисијата за надворешни работи платформата ја образложи Дане Талески, кој е новиот амбасадор кој ќе ја претствува земјата во Мисијата во НАТО во Брисел. Талески пред нив рече дека со квалитет и дипломатски сенс ќе го оправда членството на Северна Македонија во НАТО.

Уште тројца, од 16 идни наши амбасадори рефериираа тогаш пред Комисијата за надворешна политика. Планот за дипломатски активности во ООН го претстави Теута Агаи – Демхаја, а реферираа и нашите амбасадори во Данска Фатон Бејта и во Катар Шабан Јашари.

Поврзани содржини