Бугарскиот историчар Дечев: Крајно време е Бугарија да престане со претензиите кон македонскиот јазик

1,007

Во Бугарија темата „Македонија“ е обвиткана со многу романтика и митологија, но е крајно време бугарската страна да ги прекине своите тврдења за македонскиот јазик. Се додека не го променат начинот на кој го толкуваат идентитетот, како генетски пренесен, а не како динамичен, преговорите ќе останат во ќорсокак, вели бугарскиот професор Стефан Дечев, историчар и предавач на Југозападниот универзитет „Неофит Рилски“.

Тој вели дека не се согласува со политиките на државниот врв на својата земја кон Македонија и вели дека е крајно време Бугарија да престане со претензиите кон македонскиот јазик.






– Треба да се сфати дека дијалектот е само дијалект и тој нема име. Официјалниот јазик на една држава не може да биде дијалект. Додека не се разбере дека идентитетот на една нација е динамична и нацијата не се предава по генетичен пат, секакви разговори на мешани комисии меѓу Бугарија и Македонија ќе бидат излишни и ќе одат во слепа улица – вели Дечев.

Тој вели дека процесот на создавање на македонската нација не се разликува од другите.

– Убедени сме дека македонската нација и процесот на нејзино создавање, и покрај сите специфики и особености, не се разликуваат од процесите на создавање на која било друга нација. Македонскиот јазик е вештачки јазик до степен до кој се и сите стандардизирани јазици во светот. Мора да се сфати дека дијалект е само дијалект – тој нема име. Официјален јазик на една земја не може да биде дијалект. Се додека не се разбере дека идентитетот на една нација е динамичен и не е генетски пренесен, сите преговори во мешовитата комисија ќе бидат непотребни и ќе дојдат до ќорсокак – вели Дечев.

Поврзани содржини