Филипче: Планираме поригорозни мерки, но не и полициски час
Што се однесува на постојаното носење маски на отворено, јас што поскоро ќе предложам да се одржи владина седница за да можеме овој предлог да го дадеме и да го аргументираме, рече министерот за здравство Венко Филипче.
Планираме поригорозни мерки и тие вклучуваат скратување на времето на работа на угостителските објекти, како и рестрикции во движењето, најави министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.
– Можно е воведување рестрикција во движењето, а тоа може да се спроведе таргетирано по општини или, пак, на ниво на цела држава. Што се однесува на постојаното носење маски на отворено, јас што поскоро ќе предложам да се одржи владина седница за да можеме овој предлог да го дадеме и да го аргументираме. Засега не планираме да воведеме полициски час – рече Филипче.
На прашање за новите тестови за ковид-19, тој рече дека отсега за многу кратко време пациентите ќе ги дознаваат резултатите.
– Насекаде во Европа се користат брзи тестови, па само за 15 минути се дознава резултатот – рече Филипче.