Филипче: Медицинските сестри од Битола се отпуштени поради судски процес

Судскиот процес е во однос на начинот на вработување. Имало еден подолготраен судски процес поради некои административни процедури - истакна Филипче.

979

Медицинските сестри од Битола се отпуштени поради судски процес, а тоа не е по желба на директорката на болницата, рече министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

– Судскиот процес е во однос на начинот на вработување. Имало еден подолготраен судски процес поради некои административни процедури – истакна Филипче.






Како што претходно објави Плусифно, шест медицински сестри во Здравствениот дом во Битола, меѓу кои и трудница во патолошка бременост се отпуштени од работа, иако во оваа здравствена установа има недостиг од медицински кадар.

На новинарско прашање какви мерки ќе се преземат со оглед на зголемениот број новозаразени пациенти, министерот објасни дека во моментов не се следи само бројот на новозаразени, бидејќи како што рече, многу е важно од каде е трансмисијата и во кои кластери се шири вирусот.

– Не го следиме само бројот на новозаразени, бидејќи многу е важно од каде е трансмисијата, за врз основа на тоа да носиме мерки. Ако има заразени во фабрики, тогаш ќе препорачаме мерки таму. Ако причина за заразата е превозот, тогаш ќе има рестрикции во превозот. Ако има зараза во градинки или училишта, тогаш ќе има препораки за затворање на тие установи. Засега сметаме дека овие нови мерки добро ќе одговорат на ситуацијата – објасни Филипче.

Поврзани содржини