Георгина Родригез со мрсна коса и модна катастрофа од 10.000 долари! ВИДЕО

2,281

Модната катастрофа на Георгина Родригез го шокираше светот, поради тоа што навикнати сме секогаш да ја гледаме во беспрекорни модни комбинации.

Малкумина очекуваа од свршеницата на Кристијано Роналдо, која во последно време слепо ја следи модата, да си дозволи ваков моден дебакл.






Нема сомнеж дека Георгина околу себе има многу луѓе кои се грижат за нејзиниот изглед, па и за стајлингот, но ова што го виделе сега од неа, сите ги изненадило – во негативна смисла.

Георгина се појавила како гостинка на ревијата на „Луј Витон“ на Модната недела во Париз, а на себе имала фустан-мантил од „Луј Витон“, инаку омилен меѓу светскиот џет-сет. Тој кожен мантил чини 6.000 долари!

На целата таа комбинација Георгина додала црвена чанта, како и чевли во истата боја, кои чинат 3.500 долари.

Многумина ја забележале нејзината неуредна и мрсна коса. Очигледно дека и фризерите овој пат промашиле!

 

Поврзани содржини