Владата на домашниот пазар годинава ќе се задолжи со 15,4 милијарди денари

Претходно беше планирано задолжувањето на домашниот пазар годинава да биде во износ од 12,,3 милијади денари.

260

Владата денеска одлучи годинава на домашниот пазар да се задолжи со 15, 4 милијарди денари  преку издавање на државни хартии од вредност.

Претходната одлука на задолжување преку хартии од вредност  за годинава беше на износ од 12,3 милијарди денари.






Од владата соопштија дека измените на Одлуката за утврдување на максималниот износ на нето – задолжување преку издавање на државни хартии од вредност на домашниот финансиски пазар во 2020 година се направени  согласно  претходното изменување и дополнување на Буџетот за 2020 година,.

„Со оваа одлука се утврдува максималниот износ на нето-задолжувањето преку издавање на државни хартии од вредност во 2020 година да изнесува 15.375.000.000 денари, наместо предвидените 12.300.000.000 денари“, соопшти Владата.

Поврзани содржини