Арсовски: Додека со еден компјутер се едуцираат по две, три деца, Заеви се луксузираат во луксузни вили
Зоран Заев се уште не излезе да одговори пред јавноста на тврдењата на странските и домашните медиуми дека близок негов и на неговото семејство поседува луксузна хациенда на Халкидики. Зоран Заев е најскандалозниот премиер, со кој што во регионов за жал наместо да се фалиме со успеси, ние сме познати по неговите скандали, рече на пресконференција Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
– Уште еднаш јавно прашуваме, бидејќи вчера бевме игнорирани, денес повторно јавно прашуваме дали близок на Зоран Заев или некој од потесното семејство поседува имот на Халкидики, односно луксузна вила која чини неколку милиони и дали Зоран Заев и неговото потесно семејство биле чести гости годинава во оваа вила на Халкидики? Да појаснам уште еднаш за граѓаните се работи за нова вила за која што излегоа тврдења во медиумите странски и домашни дека ја поседува близок до Зоран Заев, а не онаа која што претходно беше објавена дека ја поседуваат на друга локација исто така на Халкидики. Имајќи во предвид дека мештаните самите тврдат дека Заеви се чести гости во таа вила и дека нивни блиски ја поседуваат, зошто Заев не сака да излезе и јавно да проговори на оваа тема туку ја игнорира – рече Арсовски.
Тој праша уште колку ваков имот поседуваат Заеви и нивните блиски фирми до неговото семејство во странските земји?
– Додека секојдневно гледаме стории по медиумите за жал тажни стории каде што со еден компјутер во просечно семејство се едуцираат по две, три или четири ученици, бидејќи немаат пари нивните родители да обезбедат за сите ученици во семејството компјутери, Заеви се луксузираат во луксузни вили за кои медиумите тврдат дека ги поседуваат, а тие игнорираат и воопшто не сакаат да проговорат на таа тема. Тоа е тажната вистина за Република Македонија. Богата мафија на власт, сиромашен народ кој не знае како да преживее од ден за ден – вели Арсовски.