Од утре започнува аплицирањето за зелена карта за САД за 2022

Од Амбасадата на САД во Македонија информираат дека учеството во лотаријата е бесплатно и им препорачуваат на кандидатите да ги спремат и поднесат своите пријави што е можно порано.

2,424

Од утре до 10 ноември ќе трае пријавувањето на лотаријата за зелена карта за 2022 година за Соединетите Американски Држави.

Пријавувањето е преку официјалната веб страна dvprogram.state.gov, на која има целосни инструкции, кандидатите ќе можат да проверат дали се избрани преку програмата почнувајќи од 8 мај 2021 година.






Од Амбасадата на САД во Македонија информираат дека учеството во лотаријата е бесплатно и им препорачуваат на кандидатите да ги спремат и поднесат своите пријави што е можно порано.

– Кандидатите смеат да побараат помош од страна на трето лице, кое ќе ја поднесе пријавата во нивно име, но секој кандидат е одговорен за тоа дали поднесените информации во пријавата се потполни и точни. Внесување на неточни или нецелосни податоци може да доведе до дисквалификување на кандидатот, дури и откако е извлечен како добитник. Без разлика дали пријавата е поднесена лично или со помош на адвокат, пријател или роднина, секој кандидат може да поднесе само една пријава. Поднесувањето на повеќе пријави ќе доведе до дисквалификување од лотаријата – појаснуваат од Амбасадата.

Секој кандидат треба да ја испечати потврдната страница од пријавата со својот единствен број и да ја зачува до 30 септември 2022 година, за да може да провери дали е извлечен. Овој број е единствениот начин преку кој може да се провери дали кандидатот е избран.

Поврзани содржини