Вухан беше жариште, а сега е најбезбедно место во Кина – еве како го победија коронавирусот (ВИДЕО)
Вухан беше во целосен карантин цели 76 денови, а првото попуштање на мерките беше забележано во март кога само по еден човек од секој дом имаше дозвола да излегува надвор на само 2 часа.
Додека ние ги броиме новите жаришта на ковид-19 во Америка, Европа и во Азија, кинескиот град Вухан од каде што всушност започна целата пандемија, сега спокојно ужива во титулата „најсигурно место во Кина“. Се прашувате како е можно така да се случи со еден град во кој само пред неколку месеци имаше скоро 86.000 случаи на коронавирусот и повеќе од 4.500 смртни случаи?!
Сигурно се сеќавате на сцените од познатите вухански улици, без ниту еден човек или возило, кои го обиколија светот и никој не смееше да влезе или да излезе од градот. Вухан беше во целосен карантин цели 76 денови, а првото попуштање на мерките беше забележано во март кога само по еден човек од секој дом имаше дозвола да излегува надвор на само 2 часа.
Потоа почнаа да се отвораат трговските центри, повторно почна да работи јавниот превоз, а луѓето почнаа да се враќаат на нивните работни обврски, за на 8 април карантинот конечно да се прогласи „за умрено“.
Тогаш градот одлучи дека повторно нема да се повтори сценариото од почетокот на годината, па спроведе целокупно тестирање на популацијата на Вухан. Луѓето во долги редици чекаа да им се земе брис од грлото, а целиот тој потфат ги чинел околу 128 милиони евра.
Ама, функционираше! Вирусот повторно беше ставен под контрола. Во Вухан, од мај не е потврдена ниту една локална трансмисија на вирусот.