Руската новинарка Ирина Славина денеска почина, откако се запали пред зградата на канцеларијата на Министерството за внатрешни работи во Нижни Новгород.
Таа се самозапали еден ден откако полицијата извршила претрес во нејзиниот стан, објавија локалните медиуми.
Славина пред да се запали на Фејсбук напишала:
„Ве замолувам да ја обвините Руската Федерација за мојата смрт“.