Земјава се лизна за пет места на листата за бизнис опкружување на Европската комора
Нордиските земји сè уште се на врвот на листата: Данска, Шведска, Норвешка и Финска.
Замјава се најде на 36 место од 46 европски земји кои ги рангира Европската комора според нивното економско опкружување „Најдобри европски земји за бизнис за 2020 година“. Ова за земјава значи пад од пет позиции во однос на предходната листа што е констатирано и во Извештајот. Вкупно 18 земји бележат пад за неколку места од претходното рангирање.
Нордиските земји сè уште се на врвот на листата: Данска, Шведска, Норвешка и Финска. Ги следат Швајцарија, Велика Британија и Германија. Естонија, Литванија и Грузија се најдобри меѓу постсоветските земји.
Извештајот открива и дека највисоко ниво на подобрување покажува Ерменија.
Вкупно 18 земји меѓу кои и земјава бележат пад за неколку места од претходното рангирање.
Во извештајот „Најдобри европски земји за бизнис за 2020 година“ , EuCham рангира и анализира 46 европски земји според нивното економско опкружување.
Рангирањето е резултат на анализа заснована врз меѓународно признати индекси на Светска банка и Транспаренси Интернешнл кои се однесуваат на деловното опкружување и перцепцијата на корупцијата во една земја.
Перцепцијата за корупцијата како дел од оценувањето на земјите ја има само во методологијата на Европската комора што му дава поинакво светло на деловното опкружување во една земја.
Индекс на перцепција (ИПК) за една земја се дефинира на скала од 0 до 100, каде што 0 претставува најнизок перформанс, а 100 претставува најдобар. Данска е на врвот на рангирањето со резултат 86, а потоа следуваат Шведска, Норвешка, Финска и Швајцарија.
EuCham смета дека деловниот интегритет и транспарентност играат стратешки улоги.