Исчезна Лешница од Фејсбукот на Рама, но нема објаснување

631

По бурните реакции за објавената фотографија на Фејсбук на која албанскиот премиер, Кривошијска река на Шар Планина и пределот познат како Лешница ги претстави како една од убавините во Албанија, Еди Рама го избриша постот.






Владата за ова искомуницирала со кабинетот на Рама и побарала да биде објавено објаснување и корекција на фотографијата.

– Од страна на Кабинетот на премиерот Заев е остварена комуникација со Кабинетот на премиерот Рама, при што од наша страна е посочено дека објавената фотографија е од Лешница, С. Македонија. Веруваме дека станува збор за ненамерна грешка и затоа беше побарано од страна на Кабинетот на Рама да биде објавено објаснување и корекција – велат од владата.

Поврзани содржини