Актерката Деми Мур (57) неодамна изјави дека сѐ уште има трауми од бракот со колегата Ештон Качер (42) со кого беше во брак од 2005 до 2013 година.
После разводот тој заминал на планина за да се избори со емотивната драма, но Деми изјави дека нејзе всушност ѝ требало сила да се бори со последиците од неговото однесување во бракот.
Качер ја изневерувал и ја терал на секс во тројка, на што се согласила иако не го сакала тоа.
– Сакав да му докажам колку забавна можам да бидам, но знам дека тоа беше грешка – рече таа.
Деми откри дека Ештон од неа барал да уринира врз него.
– Беше толку понижувачки и одвратно, уште имам трауми од нашиот однос – додаде таа.