Водечкиот германски епидемиолог предупредува: Пандемијата допрва ќе почне
Водечкиот германски епидемиолог, Христијан Дростен, во говор на Светската здравствена конференција во Берлин предупреди на предвремено славење на успехот на Германија во кризата со коронавирусот.
– За да ја надминеме ситуацијата во следните неколку месеци треба да промениме некои работи. Пандемијата всушност дури сега ќе почне. И во Германија – рече Достен, додавајќи дека коронавирусот не е научен феномен, туку природна катастрофа.
– Не мислам дека Германија е подготвена за следните неколку месеци со коронавирусот – рече Достен за „Шпигел“