Филипче: Имаме 414 увезени случаи со ковид-19, најмногу од Албанија

Најголем број импортирани случаи во земјава се од Албанија - 79, Србија - 74, Германија - 41, Косово - 24, Бугарија - 22, Турција - 20, Грција - 18 и Австрија - 15 случаи - соопшти Филипче.

2,627

Анализата на дистрибуцијата на потврдените случаи во земјава, според начинот на стекнување на болеста, покажува дека најголем дел од инфицираните се преку локален пренос на инфекцијата, а по отворање на границите има вкупно 414 „увезени“ случаи од странство, рече министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција.

– Најголем број импортирани случаи во земјава се од Албанија – 79, Србија – 74, Германија – 41, Косово – 24, Бугарија – 22, Турција – 20, Грција – 18 и Австрија – 15 случаи – соопшти Филипче.






Тој додаде дека во тек се анализи и планови за воведување нови мерки за спречување на ширењето на коронавирусот.

Поврзани содржини