Успешно издание на фестивалот ‘Добра идеја’ и во услови на корона
Шестото издание на тридневниот фестивал во организација на Култи Ватор се одржуваше онлајн, преку видео стрим, а посетеноста во живо беше ограничена на 50 посетители
Фестивалот ‘Добра идеја 2020’ е успешно одржано по 6-ти пат во организација на Здружението за културна мотивација „Култи Ватор“ од Скопје, иако годинава под специфични услови и според сите протоколи поради пандемијата со вирусот КОВИД-19.
Главниот настан на тридневниот фестивал беше на платото пред МКЦ во Скопје кадешто настапи составот „My Tear“, кој е дел од сцената на „Балкан Велики“, собран околу „Студио 1060“ во западно Скопје. Исто така, својата прва деби свирка ја имаше триото „Pedro Horisonte“ – нов бенд составен од музичари со солидна километража низ музичката сцена во последните 25 години, како и новата надеж на македонската поп/рок сцена, оригиналната Дина Јашари со својот бенд.
Фестивалот имаше свое стрим (онлајн) издание и беше одржан според сите протоколи, а присуството беше ограничено на само педесетина посетители. Покрај Скопје, Добра Идеја Фестивал оваа година имаше настани и во Кратово, со Диџеј Чарли и во Тетово, со Диџеј Перф.
Фестивалот е поддржан од Министерството за Култура и Град Скопје.