Германците повеќе се плашат од Трамп отколку од ковид-19

За студијата биле испитувани мажи и жени постари од 14 години. Анкетарите ги прашувале испитаниците за најголемите политички, економски, лични и еколошки стравови и притоа откриле дека короната на Германците им предизвикува релативно малку страв.

396

И покрај коронавирусот, Германците се оптимисти и имаат толку малку стравови колку што одамна не се случило – е изненадувачкиот резултат од едно истражување, јави Дојче Веле.

Веќе 28 години, по налог на Рајфајзен Фолксбанке Осигурување Р+В, се спроведуваат анкети околу стравовите на Германците.






И токму во 2020, годината на короната, Германците се најмалку уплашени во споредба со претходните децении. Секако дека во јавност носат маска и се претпазливи. Но, страв од заразување со коронавирусот имаат само малкумина.

– Затоа индексот на сите стравови паѓа од 39 на 37 проценти, на најниско ниво од почетокот на спроведувањето на анкетите во 1992 година – изјави Бригите Ремштет, која го води инфоцентарот на Р+В Осигурување.

За студијата биле испитувани мажи и жени постари од 14 години. Анкетарите ги прашувале испитаниците за најголемите политички, економски, лични и еколошки стравови и притоа откриле дека короната на Германците им предизвикува релативно малку страв.

Само 32 проценти (изминатата година биле 35) стравуваат од тешко заболување во оваа година во која доминира коронавирусот.

– Исто така, само една третина од испитаниците стравувале дека нему лично или на лица од опкружувањето ќе му се случи зараза со корона – објаснува Ремштет.

Слични резултати покажало и испитувањето за трендот во Германија на првата германска телевизија спроведено на почетокот на месецов.

Германците, и покрај растечките бројки на заразени и свеста дека опасноста и натаму постои, сепак се доста релаксирани. Само 42 проценти од испитаниците стравуваат дека со глобализацијата во иднина може да има повеќе пандемии.

– Со оглед на брзото ширење на вирусот во светот тука очекувавме поголем процент. Според нашите сознанија, луѓето имаат многу повеќе страв од тоа дека вирусот им ја загрозува благосостојбата отколку здравјето – вели Ремштет.

На 3 ноември Американците избираат нов или старо-нов претседател. За многу Германци ова второво би било хорор верзија. За нив Доналд Трамп е на врвот на скалата на страв, пишува Дојче Веле. За 53 проценти од испитаниците најмногу страв предизвикува американскиот претседател – на прво место! Уште во 2018 водеше на ранг-листата во анкетата околу стравовите.

Професор Манфред Г. Шмит смета дека овие стравови се „основани“.

– Трамп со неговата надворешна политика постојано предизвикува меѓународни компликации – вели политикологот и како пример го наведува трговскиот конфликт со Кина, или напади против сојузници како Германија.

Поврзани содржини