Познато е што ги предизвикува најтешките форми на ковид-19
Брадикининот инаку помага во регулирање на крвотокот, а кај некои луѓе, новиот коронавирус очигледно дека прави производството на „брадикининот“ да биде многу пообилно.
Се чини дека науката го откри виновникот за најтешките симптоми на ковид-19, кој предизвика пандемија.
Човечкиот пептид кој што се нарекува брадикинин, можеби е одговорот за разновидните, понекогаш и смртоносни симптоми кои што се забележани кај пациентите заразени со коронавирусот – пишува „NewScientist“.
Лекови за контрола на брадикинин веќе постојат, а моментално се спроведуваат нови тестирања на пациентите кои што се заболени од коронавирусот, како би се открила нова терапија против оваа болест.
Брадикининот инаку помага во регулирање на крвотокот, а кај некои луѓе, новиот коронавирус очигледно дека прави производството на брадикининот да биде многу пообилно.
Тоа може да доведе до своевидно „невреме на брадикининот“ во човечкото тело, кое пак резултира со пониски симптоми кои што учествуваат кај болеста коронавирусот.
Ренука Роче, од Универзитетот „Eastern Мichigan“, вели дека таквото „невреме“ во човечкото тело може да објасни зошто толку аспекти од ковид-19 се различни, како болки во мускулите, поблаг облик на болеста кај жените за разлика од мажите, склоноста на Афроамериканците да развијат компликации поради коронавирусот.
Тим од американски научници уште одамна објавија студија во која што ја проучувале експресијата на генот во примероци од белите дробови на девет пациенти од Кина.
Складно на тоа, кај ковид-19 пациентите пронајдени биле докази на прекумерна експресија на генот одговорен за производството на брадикининот.
Брадикининот ги шири крвните садови и ги прави попроточни, а високата количина брадикинин може да доведе до протекување на крвта од крвните садови, особено во подрачјата на телото кои што се побогати со нив, како што се белите дробови.
Канадскиот научник Џо Пенингер смета дека хипотезата со брадикининот има смисла затоа што новиот коронавирус ги напаѓа „ACE-2“ рецепторите во клетките, а токму тие се задолжени и за регулирање на количината брадикинин.
– Со оглед на тоа што вирусот ја намалува способноста на тие рецептори, количината брадикинин во човечкото тело може да излезе од контрола – вели Пенингер.