Челзи си договори нов голман

349

Претседателот на Рен, Никола Холвек, потврди дека Едвард Менди сака да го напушти клубот и да се приклучи на Челзи ова лето. Според „РМЦ Спорт“, 28-годишниот голман веќе се договорил со „сините“ и го договорил неговиот 5-годишен договор.

Првата понуда на Челзи вредеше 14 милиони фунти, а Французите ја одбија затоа што бараат 23 милиони.






– Започнавме официјални преговори со Челзи. Знаеме дека тој исто така сака да си замине, но во моментот немаме 100% договор меѓу клубовите – призна Холвек.

Сепак, медиумите на Островот го сметаат голманот за сигурно ново засилување на „Стемфорд Бриџ“ и зделката е само прашање на време.

Поврзани содржини