Шилегов не го касале комарци

2,703

Годинава не ме каснал комарец. Живеам во населбата Тафталиџе и не сум слушнал во моето соседство дека имаме проблеми со комарците, тврдеше денеска скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

Тој знае дека скопјани, особено во последниот месец се жалат дека се сардисани од убоди од комарци и очекува дека в петок ќе биде ставен крај на нивната мака, кога ќе заврши прскањето против возрасните комарци.






– Секогаш кога се прска треба да се мисли пред сè на здравјето на луѓето, затоа што прскате хемикалија и токму заради тоа таа мора да биде по сериозни протоколи и препораки од здравствените власти – рече Шилегов.

Поврзани содржини