Ед Ширан стана татко

301

Славниот пејач Ед Ширан и неговата сопруга Шери Сиборн ја соопштија радосната вест дека станале родители. Шери на свет донесе девојче, на кое му го дадоа името Лира Антарктика Сиборн Шеран.

„Ние сме на седмо небо откако нашата ќеркичка дојде на овој свет минатата недела. Сосема сме вљубени во неа. Мајката и бебето се чувствуваат добро“, напиша Ширан на својот инстаграм-профил.






Ширан и Сиборн се заедно уште од основно училиште, а се венчаа пред Нова година во 2018 година, што пејачот го потврди дури неколку месеци подоцна.

Музичарот за Нова година објави дека ќе земе пауза од музиката откако претходно две и пол години непрекинато беше на турнеја.

Поврзани содржини