Апасиев: Да ми прости ЛГБТ заедницата, ама педерски играте

Сега ќе бевме горди Македонци, а потписниците на Преспанскиот договор сега ќе беа зад решетки за сторено кривично дело „загрозување на независноста“ и ставање во положба на потчинетост кон друга држава, истакна пратеникот од Левица.

2,174

Сегашниот мадатар требаше да си поднесе оставка уште ноќта по неуспешниот референдум, а не капциозно, да ми прости ЛГБТ заедницата, педерски да играте до крај, рече Димитар Апасиев од Левица на денешната собраниска седница за избор на нова влада.

– Без одлука на народот и без легитимитет, квинслишки го променивте името на Македонија. Така прават државниците, така прави Шарл де Гол, но трговците поединци од Струмичко прават поинаку. Сега ќе бевме горди Македонци, а потписниците на Преспанскиот договор сега ќе беа зад решетки за сторено кривично дело „загрозување на независноста“ и ставање во положба на потчинетост кон друга држава. Ова ви се последни избори на кои освојувате повеќе од 40 пратеници, бидејќи и на светско ниво социјалдемократијата веќе не е секси – рече Апасиев.






Собранискиот спикер Талат Џафери го опомена Апасиев поради речникот и рече дека се надева оти истите зборови не им ги зборува и на студентите на кои им предава на факултет.

Поврзани содржини