Малку вознемирувачка снимка: Стана хит на „ТикТок“ поради ненормално долгиот палец (ВИДЕО)
Палецот на Џејкоб не е од секогаш толку долг, но на почетокот на средното училиште сфатил каква бескорисна моќ има.
Јакоб Пина е обичен 21-годишник кој привлече малку повеќе внимание на „ТикТок“. Тој нема посебна вештина или талент, но еден дел од неговото тело е застрашувачки долг.
Можете да престанете со валканите мисли, зборуваме за палецот.
@jwpinaGlizzy thumb 🤭👍🏼 ##foryou ##fyp ##longthumb ##glizzy♬ original sound – jwpina
Неговите снимки од палецот ги гледале 5,2 милиони луѓе.
Палецот на Џејкоб не е од секогаш толку долг, но на почетокот на средното училиште сфатил каква бескорисна моќ има.
– Јас всушност го дислоцирам палецот од мојот зглоб за да го издолжам. Мојот лекар вели дека тоа е ненормално, но не може да го поврзе со некоја позната медицинска состојба – изјавил Џејкоб.
Тој додава дека палецот е долг околу пет сантиметри, но тој може да го продолжи на скоро 14 сантиметри.
@jwpinaReply to @butterybinky Its pretty normal 🤷🏻♂️👍🏼 ##foryou ##fyp ##longthumb ##ItStartsOnTikTok
– Кога го објавив првото видео на „TикТок“, не очекував ваков вид популарност. Луѓето имаат поделени реакции, некои се згрозени, други љубопитни – вели тој.
На крајот, тој нагласи дека не му штети ниту зголемувањето, ниту намалувањето на палецот, и тој се забавува со смислување сценаријата за нови снимки.