Нов алгоритам за оздравување на пациенти со ковид-19

610

Министерството за здравство соопшти дека од денеска во системот „Мој термин“ е во функција новиот алгоритам за оздравување на пациенти со ковид-19. Новиот алгоритам се однесува на пациентите на домашно лекување, но не ги опфаќа хоспитализираните пациенти. За прв ден на заболување се зема денот на првиот потврден позитивен тест.

За разлика од досегашниот алгоритам, каде со истек од 14 дена беше потребно да се добијат два негативни последователни тестови во период од 24 до 48 часа, согласно светските истражувања, сега еден пациент, доколку е асимптоматски во период од 10 дена, ќе се смета за оздравен на 11-тиот ден. Доколку еден пациент имал симптоми во текот на болеста, тој ќе се смета за оздравен по истекот на минимум 20 дена, односно 21 ден само во случај ако последните три последователни дена немал симптоми на болеста, информираат од Министерството.






Процесот на оздравување, како што се потенцира, сега е во целост поврзан со дневните извештаи кои ги пополнуваат матичните лекари за своите позитивни пациенти и регистарот за позитивни пациенти.

Минатата недела Комисијата за заразни болести го усвои новиот протокол за ослободување на пациентите од изолација.

„Откако кон крајот на мај, Светската здравствена организација и Европскиот центар за контрола и превенција на болести дадоа нови насоки/препораки за ослободување на пациентите од изолација, МАНУ анализираше повеќе од 10.000 тестирања и утврди дека кај пациенти кај кои е дијагностициран SARSCoV-2 вирусот, независно од резултатот на последователното контролно тестирање, не е присутен виабилен – репликативно компетентен, односно вирус, што може да е доволно силен за да предизвика зараза“, стои во соопштението од Министерството за здравство

Поврзани содржини