Лукашенко нареди: Армијата цврсто да застане во одбрана на земјата

348

Белорускиот претседател, Александар Лукашенко, денеска побара од военото раководство да ги преземе сите неопходни мерки и да ја ангажира армијата цврсто да застане во одбрана на територијалниот интегритет, посочувајќи дека ситуацијата е особено чувствителна на западните граници.

Лукашенко изјави дека во Белорусија е увезена таканаречената обоена револуција, што се потпира на странскиот фактор и се обидува да ја дестабилизира земјата, јави Тасс.






– Се јасно укажува дека во Белорусија се спроведува обоена револуција, со поддршка на странскиот фактор, што се вмеша, затоа што државата пружи неочекувано силен отпор – заклучи Лукашенко.

Поврзани содржини