Поранешниот најдобар тенисер има корона

Нишикори истакна дека има „многу благи симптоми“ и дека ќе остане во карантин.

329

Поранешниот светски рекет број еден, Кеј Нишикори (Јапонија) се тестираше позитивно за коронавирусот во Флорида на само две недели пред УС Опен.

Триесет-годишниот Јапонец тренира на Флорида и поради позитивниот тест нема да учествува на турнирот во Синсинати, што е подготовка на тенисерите за УС Опен.






– Утрово, додека бев уште на Флорида, ми беше направен тест за КОВИД-19, кој е позитивен. Во овој момент, ќе мора да се повлечам од турнирот во Синсинати. Планиравме да летаме за Њујорк утре, но очигледно ќе останеме на Флорида – рече Јапонецот.

Нишикори додаде дека има „многу благи симптоми“ и ќе остане во карантин.

Голем број на играчи се повлекоа од годинашниот УС Опен поради пандемијата на коронавирус, кој зарази повеќе од 5,3 милиони луѓе во САД и уби скоро 170.000.

Бранителот на титулата Рафаел Надал и женскиот рекет број еден, Ешли Барти се меѓу оние кои одбија да патуваат на турнирот.

Поврзани содржини