Ниту еден од 24-те позитивни патници на летот за Финска не бил регистриран во македонската база

1,638
Министерството за здравство информира дека веќе се извршени проверки за сите патници од авионот за Финска и дека ниту еден од нив не бил заведен во земјава како позитивен случај.





„Ниту еден од нив не е регистриран во базата на позитивни случаи со ковид-19 во нашата земја, што значи немаат решение за изолација како позитивни од Државниот санитарен и здравствен инспекторат“, соопшти Министерството за здравство.

Министерството претходно соопшти дека на летот од Скопје до Турку, Финска, каде што според финските власти од авион со 157 патници, по доброволното тестирање, 24 биле позитивни на коронавирус, најголем дел од патниците патувале со косовски пасош (95 лица), фински пасош (60 лица), а останатите биле со македонски (2), албански, бугарски, естонски и шведски пасоши.

Според Здравство, станува збор за патници, иселеници, коишто доаѓаат во Македонија, или транзирираат преку Македонија од различни причини, а потоа се враќаат на работа во Западна Европа, за коишто со дозвола за престој или државјанство од ЕУ не важат рестрикциите при влез и излез од земјата.

 

Поврзани содржини