Само двајца Македонци патувале со „ковид-авионот“ кон Финска, другите биле увезени случаи

Епидемиологот Александар Стојанов, во изјава за Плусинфо тврди дека пропустот не може да им се припише на нашите служби.

874

Најголемиот дел од луѓето кои патувале со авионот од Скопје кон Турку, Финска, биле патници со косовски пасош – дури 95 лица, а само двајца од патниците патувале со македонски пасош, информираше Министерството за здравство, откако во јавноста се пласираше информацијата дека во Финска слетал авион од Скопје со 24 патници позитивни на коронавирусот.

„Во однос на информациите за летот од Скопје до Турку, Финска, каде што според финските власти од авион со 157 патници, по доброволното тестирање, 24 биле позитивни на коронавирус, Министерството за здравство по проверка на информациите со службите од Скопскиот аеродром и граничната полиција информира дека станува збор за патници, иселеници, коишто доаѓаат во Македонија, или транзирираат преку Македонија од различни причини, а потоа се враќаат на работа во Западна Европа, за коишто со дозвола за престој или државјанство од ЕУ не важат рестрикциите при влез и излез од земјата. Според добиените податоци во посочениот лет најголем дел од патниците патувале со косовски пасош (95 лица), фински пасош (60 лица), а останатите се со македонски (2), албански, бугарски, естонски и шведски пасоши. Министерството за здравство собира информации од финските власти, за тоа кои се 24 патници позитивни на вирусот, дали станува збор за неколку семејства или се поединечни случаи, каков тип на тестови им биле направени, а Институтот за јавно здравје веќе работи на проверка дали на некои од патниците им била издадена мерка самоизолација во нашата земја. По добивање на информациите за позитивните веднаш ќе се пристапи кон утврдување на контактите кои тие лица со позитивни тестови евентуално ги имале во нашата земја“, наведено е во соопштението од Министерството за здравство.






Епидемиологот Александар Стојанов, во изјава за Плусинфо тврди дека пропустот не може да им се припише на нашите служби.

– Од целата таа работа со авионот произлезе дека само двајца патници имале македонски пасош. Финска им бара негативни тестови за коронавирусот на своите државјани, бидејќи тие луѓе доаѓаат од земји со среден или со висок ризик. Тоа значи дека не е пропустот кај нас – вели Стојанов.

Поврзани содржини