МИГРАНТИ ВО КАМИОН – На 08.08.2020 околу 21,30 часот на регионалниот пат Радовиш-Штип, крстосница за Неготино при сообраќајна контрола од полициски службеници од СВР Штип било дадено знак за запирање на товарно моторно возило „волво“ со скопски регистарски ознаки управувано од засега непознато лице, кој бил во придружба со уште едно лице. Возачот го запрел товарното возилото по што веднаш со сопатникот се дале во бегство во непознат правец. По овластување на Јавен обвинител извршен бил увид на местото на настанот, при што било утврдено дека во товарниот простор на возилото се превезуваат 94 странски државјани-мигранти (државјани на Сирија, Авганистан, Ирак, Пакистан). Лицата се предадени на полициски службеници од Регионалниот центар за Гранични работи-Исток за понатамошна постапка, а по возачот на товарното возило и сопатникот се трага.
МАРИХУАНА ВО ЏЕБОТ – На 08.08.2020 во 15,30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на патот во близина на местото „Тефериќ“ ги лишиле од слобода П.М.(18) и Н.Н.(19) двајцата од Скопје затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
ПОВРЕДЕН МОТОЦИКЛИСТ – На 08.08.2020 во 10,34 часот било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Дебар, во близина на Мелнички мост се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „шкода фабиа“ со охридски регистарски ознаки управувано од Д.С.(47) од с.Подгорци и мопед „соник“ со струшки регистарски ознаки управуван од 16 годишник од с.Мороишта. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Медицинскиот центар Струга. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Струга.
СО ФИЌО УДРИЛ ВО ДРВО – На 08.08.2020 во 15,02 часот било пријавено дека на патот с.Маково-с.Старавина пред крстосницата за с.Старавина, патничко моторно возило „застава 750“ со битолски регистарски ознаки управувано од Т.С.(78) од Битола, излетало од патот и удрило во дрво. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Д.С.(75) од Битола, а со телесни повреди се здобил возачот констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Битола.
ПОВРЕДЕН ПЕШАК – На 08.07.2020 во 20,30 часот било пријавено дека во Скопје, на бул.„Крсте Мисирков“ патничко моторно возило „опел астра“ со велешки регистарски ознаки управувано од А.Б.(23) од Велес удрило во пешакот Б.М.(36) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа на СВР-Скопје.
НЕЗГОДА ВО ОХРИД – На 08.08.2020 во 13,00 часот било пријавено дека на регионален пат Охрид-Св. Наум патничко моторно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки управувано од М.М.(21) од Скопје удрило во пешакот Д.М.(70) од Скопје. Во незгодата со тешка телесна повреда се здобил пешакот констатирана во болницата „Св.Еразмо“-Охрид. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.
ИЗЛЕГОЛ, А НЕ ВЛЕГОЛ – На 08.08.2020 во 21,30 часот на Граничниот премин Табановце, на излез од Република Северна Македонија, Т.С.(30) од Република Косово, при вршење на пасошка контрола не приложил „изјава’’ (за влез со ПЦР тест или транзит) со што постапил спротивно на член 206 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија (непостапување според здравствени прописи за време на епидемија). Од извршените проверки констатирано било дека тој не евидирал дека имал остварено влез во Република Северна Македонија (после 04.02.2020 кога на Граничниот премин Блаце имал остварено излез од Република Северна Македонија). Т.С. бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.
(Дел од Билтенот на МВР од 09.08.2020 година)