„Делчевска културна разгледница“ под заштитни маски

251

Во рамки на настанот „Делчевска културна разгледница“, синоќа во Делчево свои дела презентираа роднокрајни автори од Пијанечкиот регион.

– Ова беше еден колаж на кој ги претставивме роднокрајните автори, а тука со нас се и членовите на некогашното Експерименталното театарче кои изведоа неколку скечеви, а читаа и дел од поезијата и прозата на авторите. Се надевам дека ќе имаме уште вакви настани под маски – рече еден од учесниците, познатиот сатиричар Миле Ѓорѓијоски.






За членовите на некогашното Експериметналното театарче беше повеќе од задоволство да се биде дел од настанот.

-На ваквите настани чувствуваме колку на градот во овие тешки времиња, на народот му треба малку повеќе хумор, а ние сме тие чинители кои го правиме хуморот во градот, истакна актерот Љупчо Златковски.

Во рамки на настанот беше промовирана збирката поезија „Подметнати неба“ од роднокрајниот автор Христина Деолска.

-Ова ми беше изненадување. Ова е втора збирка поезија и сум пресреќна. Им благодарам на организаторите и на сите присутни кои овозможија да се чувствувам потполно и задоволно, рече Деолска.

Настанот го организираше Центарот за култура „Никола Јонков – Вапцаров“ согласно сите протоколи за заштита од Ковид-19.
-Вечерва сум посебно задоволен што настанот помина во ред, што ги запазивме одредбите на Владата за организирање вакви настани. Се мереше температура, сите носеа заштитни маски, рече директорот на установата Методи Толевски.
Тој уште еднаш повтори дека манифестацијата „Голачки фолклорни средби“, кои денеска, 8 август 2020 година, требаше да се одржат на планината Голак се откажани поради Ковид-19 пандемијата.
Поврзани содржини