ВМРО-ДПМНЕ: Заев е лицемерен, се правда, а врши притисок и етикетира новинари

305

Заев е лицемерен кога се правда, тој во континуитет врши притисок и етикетира новинари, реагира ВМРО-ДПМНЕ, откако лидерот на СДСМ денеска на својот Фејсбук профил напиша дека ги прифаќа забелешките на новинарите за неговиот начин на комуникација по собраниската конститутивна седница.

Според партијата, зборовите на Заев не се искрени, туку напротив, ова е лицемерен став.






Заев, се вели во партиската реакција, изминатите години остави печат на сите тужби и обвиненија врз новинари, вршеше прогон и етикетирање на медиуми, а поминуваше несанкционирано и физичко насилство врз новинари.

„Јавноста се уште памети како јавно прогласи медиуми за политички непријатели, како новинари беа вербално напаѓани на прес конференции од страна на негови поддржувачи, како нарекуваше со погрдни зборови новинари и ред други притисоци кои ги вршеше врз медиумите и новинарите. И од Зоран Заев да е, премногу е. Ваквите испади кои не се ретки и кои во континуитет се провлекуваат низ годините, го покажуваат неговиот личен, но и политички карактер и мора да бидат осудени принципиелно од сите чинители“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини