Да бевме Германци, на циклонот ќе му дадевме име, а кумот ќе го одврзеше кесето

Па таму ќе си резервирате циклон и ќе му одберете име, најчесто според името на децата, вереницата, сопругата.... На пример, 16-тиот циклон во оваа година ќе се вика како што сте посакале, а кумовите и ќе си платат за резервацијата на името на циклонот. Се даваат од словенски имиња, до германски - вели Борис Секирарски, дежурен синоптичар во УХМР.

1,194

Циклонот што од синоќа го зафати поширокиот регион, а од денеска и нашата земја, нема име, за разлика од праксата во САД каде секоја ваква временска непогода добива назив. Катрин, на пример.

Во Управата за хидрометеoролошки работи (УХМР) велат дека во Европа, германската     хидрометеoролошка служба е една од ретките која им става име на циклоните, а ние не.






– Ние не го следиме овој пример, иако е медиумски атрактивно циклоните да добиваат име. Германија  го вовела ова пред уште пред неколку децении. Па таму ќе си резервирате циклон и ќе му одберете име, најчесто според името на децата, вереницата, сопругата… На пример, шеснаесетиот циклон во оваа година ќе се вика како што сте посакале, а кумовите и ќе си платат за резервацијата на името на циклонот. Се даваат од словенски имиња, до германски. Било кое има може да добие циклонот. Да, може и Борис – појаснува Борис Секирарски, дежурен синоптичар во УХМР.

Парите коишто се собираат на овој начин, преку ставање име на циклоните, служат за финансирање на службата за метеорологија.

Пред шест години, во 2014 година, и циклонот во Србија доби име. Тамара ќе остане запаметен како еден од најдождливите циклони во историјата, откако се вршат метеоролошки мерења во Србија.

Србија беше под влијание на Тамара од 13 мај 2014 година.

 

 

Поврзани содржини