Пропадна големиот проект за Њукасл – Арапите се повлекоа
Првата е неизвесност поради пандемијата на коронавирусот, а втората поради доцнењето на документацијата во Англија, иако беше постигнат договор Саудијците да го преземат клубот за 350 милиони евра.
Богатите шеици, на чело со саудискиот принц Мохамед бин Салман, се повлекоа од неколку причини.
Првата е неизвесност поради пандемијата на коронавирусот, а втората поради доцнењето на документацијата во Англија, иако беше постигнат договор Саудијците да го преземат клубот за 350 милиони евра.
Згора на сето тоа, Саудијците имаа проблеми со ТВ-преносот од Премиер лигата, односно беа обвинети за пиратерија по тоа прашање.
– За жал, долгиот процес во тековните околности, заедно со глобалната неизвесност, придонесе за истекување на трговскиот договор на двете страни. Како автономен и чисто комерцијален инвеститор, нашиот фокус беше на градење долгорочни вредности за клубот, навивачите и заедницата – се вели во соопштението на Саудијците.
И големиот проект беше претставен со мега-трансфери во текот на ова лето во форма на Лука Јовиќ, Герет Бејл, Филипе Кутињо…