МТСП до 3 август дa ги информира банките, за да почне исплатата на додатоците за јуни
За корисниците кои не користат картички, како што информира владината прес-служба исплатата ќе се спроведе во три групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа на 4 август (вторник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, на 5 август (среда) – И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О, и на 6 август (четврток) – П, Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
Владата денеска на седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на парични права од социјална заштита за јули 2020 година, и го задолжи Министерството за труд и социјална политика да ги достави податоците за корисниците на парични права од социјална заштита до деловните банки најдоцна до 3 август, со што од 4 август деловните банки ќе обезбедат достапност на средствата од јунските исплати на паричните права од социјална заштита преку банкомати и во трговските мрежи.