Откако знам за себе, се чувствувам како машко, вели нашиот соговорник, трансродово лице

Ситуациите, средината, проблемите со семејството, институциите, системот, па и транзицијата и оперативните зафати се доволни за ниту еден човек да не одбере да чекори по тој пат ако трансродовоста беше избор, порачува нашиот соговорник кој иако имаше јавен настап на квир настан минатото лето, преферираше во овој текст да остане анонимен.

314

Дваесетидвегодишното момче кое првпат го видовме на еден квир настан минатото лето кадешто на комичен начин ја раскажа приказната за својата општествена ненормативност, која излегува од рамките на прифатливиот општествен код, во разговорот за Мајка и дете, покажа дека неговиот и проблемот на сите трансродови лица во Македонија е далеку од смешен, а и нему не му е баш секогаш до смеење.

За да биде работата уште полоша, ова момче е од внатрешноста на Македонија кадешто веројатно и средината е многу понетолерантна кон сите кои се поинакви и морално неприфатливи за заедницата.






За себе вели дека при раѓањето му е ‘припишан’ женски пол, но дека тој самиот се чувствува, се идентификува и живее како маж.

Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Pexels

Поврзани содржини