Азески и инвеститори од САД разговараа каде е најдобро да се инвестира во земјава
Ваквите средби, се дел од стратегијата на Комората за вмрежување на компаниите и инвеститорите, се убава можност да бидат презентирани инвестициските потенцијали на нашата држава во сферата на телекомуникациите, патната инфраструктура, автомобилската индустрија и фармацијата, појасни Азески.
Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески, викендов во Охрид, имаше работна средба со претставниците на менаџментот на „Македонија – 2025“, од Охајо, САД, Вера Ставроф и Никица Мојсоска – Блажевски.
На средбата, присуствуваше и Виктор Мизо, директор на „Костал Македонија“ во Охрид, германска фирма за производство на високо софистицирани автомобилски делови за светски марки, која гостите беа во можност да ја разгледаат.
Високо рангираните бизнисмени од „Македонија – 2025“, истовремено се и инвеститори од САД, заинтересирани за проширување на нивните активности во македонската економија.
– Ваквите средби, се дел од стратегијата на Комората за вмрежување на компаниите и инвеститорите, се убава можност да бидат презентирани инвестициските потенцијали на нашата држава во сферата на телекомуникациите, патната инфраструктура, автомобилската индустрија и фармацијата – појасни Азески.
Патната инфраструктура, винската индустрија и телекомуникациите, односно новата 5G технологија, вели Азески, се сегменти со висок потенцијал, бидејќи сѐ уште не е достигната презаситеност.
– Во однос на пазарите, македонскиот пазар е мал, меѓутоа самата местоположба на Северна Македонија во центарот на Балканот, која граничи со две земји од Европската Унија, а имајќи го предвид фактот дека секоја соседна земја има многу поголема популација од нашата и со сите нив имаме воспоставено стабилни трговски релации, овозможува производите произведени во Македонија да се извезуваат на еден многу поголем балкански, па и европски пазар. Воедно, статусот на членка на НАТО и започнувањето на преговорите со Европската Унија претставуваат одличен стимул за странските инвеститори за да инвестираат индивидуално или преку инвестициони фондови во развиените индустриски гранки – додаде претседателот на Стопанската комора Азески.
Американските инвеститори, веќе имаат претходни искуства со инвестирање на Балканот, каде што ги разгледуваат можностите за инвестициска пенетрација во неколку балкански земји. Вера Ставроф, по потекло Македо0нка од Ѓавато, битолско, во САД увезува македонски производи,мегу другото и чаеви од „Алкалоид”.
Преку „Македонија – 2025“ и Стопанската комора на Македонија, во текот на нивниот деловен престој во државава, на бизнисмените ќе им бидат овозможени средби со клучните компании од различни сектори, на кои инвеститорите ќе може да добијат јасна слика за состојбата и да направат правилна одлука во однос на натамошните инвестиции.
Средбата беше искористена, бизнисмените од САД, да бидат одпоблиску запознати со активностите на Коморскиот инвестициски форум на шесте земји од Западен Балкан (WB6 CIF) – тело за регионална соработка на коморите од Македонија, Србија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора.
WB6 CIF претставува околу 350.000 компании, претежно мали и средни претпријатија во својата мисија да отворат нови можности за посилно вмрежување на деловните заедници во регионот со отстранување на преостанатите пречки за развој на регионалната економска соработка и подобрување на деловната и инвестициската клима во пазарите во регионот на СБ. WB6 CIF е одговор на деловната заедница на политичките процеси во регионот, што се одвиваат во рамките на берлинскиот процес, како дополнителен поттик на Западен Балкан за влез во ЕУ.
– Регионалната економска интеграција и соработка станаа една од клучните алатки за придонес кон економската димензија на интеграцијата на регионот на Западен Балкан во ЕУ, за ослободување на нов потенцијал за економски развој и за поддршка на политичката соработка во регионот. Берлинскиот процес досега произведуваше амбициозни агенди насочени кон зајакнување на поврзаноста меѓу луѓето и деловните субјекти во регионот и со ЕУ – напомена претседателот на Комората, Азески.
Стопанските комори и индустријата од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Србија) го основаа CB WIF6, пред 3 години, како професионално здружение на комори со седиште во Трст, Италија, во контекст на Берлинскиот процес.
Постојаниот Секретаријат, го води Стопанската комора на Македонија, веќе вработува 30 лица, од кои 1о во Македонија, како првата алатка што ЦИФ ја создаде за понатамошно артикулирање на гласот на регионалната деловна заедница.
Од проектите што се реализираат, Азески посебно го нагласи оној за формирање на авио-компанија, по примерот на Нордиските земји. Исто така дуалното образование.
-Неодржлива е ситуацијата кај нас да имаме 195 факултети, а само 130 средни училишта. Неодржливо е за Сараево да патуваме преку Виена. Иднината е во регионалното поврзување, под опсервацијата на Берлинскиот процес треба да реализираме преку 100 милиони евра, на теренот да делуваат најстабилните банки, барем една евреопска осигурителна компанија – категоричен е Азески.
Гостите од САД, беа запознати и со заедничкото делување и координацијата со Самитот 100 на бизнис лидери од ЈИЕ – уникатна бизнис иницијатива која на едно место ги собира најеминентните бизнис лидери од Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Косово и Албанија.
Меморандум за соработка предвидува регионалнао поврзување на потенцијалите од приватниот сектор во понатамошна регионална соработка, проширено со Словенија и Хрватска, која ќе резултира во подобрување на конкурентноста на целиот регион и ќе овозможи подобар животен стандард на сите луѓе од овој регион.
Заеднички се реализираат големи проекти, како „Free cargo“, иницијатива за слободен товарен транспорт низ регионот, а кој ќе овозможи проток на товарниот сообраќај без долги гранични контроли, застанување и царински формалности на државните граници, со примена на соодветните европски прописи за товарен превоз.
Се проценува дека времето што камионите го поминуваат на границите низ целиот регион се проценува на 26 милиони часови годишно, што е еквивалентно на еден отсто од регионалниот БДП.
Потоа, проектот „е-Скопје“ како продолжение на проектот „ЕДИСОН“ кој е регионален проект за електрификација на автопатиштата во регионот и има цел да обезбеди масовно прифатлива електрична мобилност во регионот преку регионално развиени решенија и да делува како иновативен центар на ЕУ.