Тренерот на Аталанта: Жал ми е за Мбапе, не посакуваме несреќа за другите

372

Милан и Аталанта одиграа 1:1 во 36-тото коло од Серија „А“, а гостинскиот тренер Џанпјеро Гасперини се осврна и на повредата на Килијан Мбапе, ас на Пари Сен Жермен, со кого „божицата“ ќе игра во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

– Жал ми е, Мбапе, воопшто не знаев за повредата за време на натпреварот. Килијан е одличен човек, се надевам дека не е ништо сериозно. Не сакаме да победиме заради несреќа на друг тим. На крајот на краиштата, ако победите против вакви играчи, тогаш вашиот резултат вреди уште повеќе – рече Гасперини.






Да потсетиме, Аталанта и Париз Сен Жермен ќе се натпреваруваат во четвртфиналето од Лигата на шампионите во Лисабон.

Се игра еден натпревар поради целата ситуација со пандемијата на коронавирус.

Поврзани содржини