Експресна реакција на социјалните служби: Згрижено напуштеното дете со церебрална парализа од Охрид
За детето е обезбедена соодветна грижа и сместување во мал групен дом, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
Единаесетгодишното дете со церебрална парализа од Охрид кое го оставија неговите родители државата го смести во мал групен дом, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
„ Стручните служби и Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Охрид постапуваат во врска со случајот на 11-годишното дете со церебрална парализа. За детето е обезбедена соодветна грижа и сместување во мал групен дом“, стои во соопштението.
Полицијата денеска соопшти дека вчера кај нив е пријавено дека Охриѓанка го напуштила своето 11-годишно неподвижно дете и го оставило само во куќата каде што живееле, без храна и без надзор.